Се шират лажни информации дека претседателот Озал бил отруен

Анкара, 17 април 2014 (МИА) - Паралелна структура фабрикува лажни податоци со цел да фрли вина за смртта на осмиот турски претседател Тургут Озал врз одредени кругови и преку блиски медиуми објавува лажни информации за промовирање на тезата дека Озал е отруен, тврди весникот „Сабах“.

Тургут Озал почина на денешен ден пред 21 година, наведува весникот.

Турската Влада неодамна го оцени како паралелна структура движењето Хизмент на исламистичкиот лидер фетхулах Гулен.

Весникот „Сабах“ наведува дека уште пред да биде завршен извештајот од анализата на посмртните останки на претседателот Озал, весникот „Бугон“ објавил информации дека смртта на Тургут Озал била предизвикана од отров за глувци, а весникот „Заман“ објавил информации дека причина за смртта е труење со инсектициди. Сепак, според весникот такавите тврдења се демантирани од Институтот за судска медицина.

Во Турција подолго време постојат гласини дека Озал, кој почина од инфаркт на 65-годишна возраст во 1993 година како вршител на должноста претседател, бил отруен. Овие сомнежи се поддржани и од членови на неговото семејство. Посмртните останки на Озал беа ексхумирани на почетокот на октомври 2012 година за утврдување на причините за неговата смрт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...