Романскиот премиер леташе со борбен авион Ф-16

Букурешт, 17 април 2014 (МИА) - Романскиот премиер Виктор Понта денеска повеќе од 40 минути леташе во американскиот борбен авион Ф-16, јави агенцијата Аџерпрес.

Авионот, што достигнува брзина до 1.500 милји на час, летал во формација од четири авиони.

Понта се приклучил кон американските и романските војници кои денеска ја завршуваат еднонеделната заедничка воена вежба.

Откако ја минал здравствената контрола, премиерот Понта дошол во воздухопловната база „Кампија Туржи“ облечен во летачко одело на романското Воено воздухопловство. Потоа го зазел местото на копилотот во авионот ловец Ф-16, со кој управувал американски пилот. Пилотот претходно го упатил премиерот во сите технички детали.

Заедничките воени вежби, како денешната, во Романија се одржаа во 2006, 2008 и 2012 година.

Заедно со Понта, на вежбата присуствуваа уште и претседателот на Сенатот и министрите за одбрана и внатрашни работи на Романија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...