Во Истанбул формирана правата Асоцијација на атеистиИстанбул, 17 април 2014 (МИА) - Во Турција е формирана првата Асоцијација на атеисти, чија канцеларија се наоѓа во истанбулската населба Кадкојоб, јави турскиот весник „Радикал“.
- Асоцијацијата е формирана со цел да се заштитат правата на атеистите во Турција. Ниту еден атеист веќе нема да биде сам. Ниту на улиците, ниту во судниците, објави Асоцијацијата на Твитер.
Основачите на Асоцијацијата на атеисти - Толга Инџи и Ахмет Балјемез претходно изјавија дека атеистите се соочуваат со проблеми и имаат потреба од правна помош.
Дури и да кажеш „јас сум атеист“, тоа во Турција веќе се смета за навреда на исламот. Изјавата на премиерот дека „секој атеист е терорист“, почна да се сфаќа нормално, велат Инџи и Балјемез.
|