Две прокурдски партии во Турција се обединија

Анкара, 19 април 2014 (МИА) - Турската прокурдска Демократска партија на народите соопшти дека ќе се обедини со друга прокурдска формација - Партијата за мир и демократија, пренесе БТА.

Потпретседателот на Демократската партија на народите Ертугрул Кјурчку изјави дека е донесена одлука пратениците од Партијата за мир и демократија да се префрлат во парламентарната група на Демократската партија на народите.

Тој рече оти има план за заеднички дејствија на двете формации за време на претседателските избори.

Демократската партија на народите беше создадена во 2012 опфаќајќи некои леви партии по идеја на лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан, кој излежува доживотна пресуда затвор на островот Имрали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...