Косовски министeр:

Во Приштина ќе биде урната црква

зашто била градена без дозвола

Приштина, 22 април 2014 (МИА) - Косовскиот министер за животна средина и територијално планирање на Косово Дардан Гаши објави дека ќе биде урната незавршената црква „Свети Спас“, која се наоѓа на територијата на Приштинскиот универзитет во центарот на главниот град, јави Танјуг.

Гаши изјави за косовската телевизија РТВ 21, дека објектот од времето на Слободан Милошевиќ е изграден без дозвола и ќе биде третиран како таков.

- Тоа е чувствително прашање, но законот треба да биде еднаков за сите објекти. Тоа е објект без дозвола и ќе биде третиран како секој објект, кој нема дозвола во Косово, рече Гаши. 

Рашко-призренската епархија на Српската православна црква соопшти дека тоа е отворена провокација, која има за цел да им наштети на меѓуетничките и меѓурелигиозните односи во Косово, особено во времето на најголемиот христијанки празник Велигден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...