Кримско сценарио во Албанија?

Тирана, 24 април 2014 (МИА) - Националната разузнавачка служба на Албанија ја споменува можноста кримскиот пример да биде применет и во градот Химара.

- Доколку според новата територијална поделба на Албанија градот Химара се одвои од Валона како посебен административен регион, тогаш постои веројатност жителите на тој регион под влијание на екстремистички групи од грчките политички кругови да побараат независност, според кримскиот пример во Украина, изјави шефот на албанската разузнавачка служба пред Комисијата за национална безбедност.

Извори од Комисијата изјавија дека пратеничката од Демократската партија, Месила Донда го прашала шефот на албанското разузнавање дали има сознанија дека со новата административна реформа Химара може да стане посебен административен регион и со тоа да се појави можноста неговите жители да го следат примерот на Крим.

- Досегашните сознанија на службата покажуваат дека има тенденции да биде применет случајот од Крим, одговорил шефот на албанското разузнавање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...