Вкупната поплавена површина поголема од територијата на Словенија

Загреб, 19 мај 2014 (МИА) - Во следните денови се очекуваат анализи на податоците за штетите кои ги предизвикаа поплавите во Србија, БиХ и Хрватска, но она што засега е извесно е дека големината на катастрофата која го погоди овој регион е апсолутно без преседан.

Во соработка со Катедрата за географија при Природно-математичкиот факултет во Загреб, со експертска анализа на професор доктор Стјепан Штерц првпат може да се стави во перспектива обемот на оваа природна катастрофа која ги зафати трите балкански држави, објави Ал Џезира Балкан.

Со пренесување на мапата на погодените подрачја врз картографска подлога на заедничката географска карта на Балканот, Штерц пресметал дека поплавената површина во регионот изнесува близу 22.900 километри квадратни.

Колку за споредба, тоа е површина поголема од некои држави, како на пример Словенија (20.256), Израел (22.145) и Кувајт (17.818).

Набљудувајќи ја ситуацијата по држави, поплавеното подрачје во БиХ изнесува речиси 13.200 километри квадратни, во Србија речиси 9.100, а во Хрватска околу 600 километри квадратни.

Просечната вредност на врнежите во месец мај во целиот регион изнесува околу 90 литри на метар квадратен. Во претходните денови само во источниот дел на БиХ, конкретно во Тузла, наврнале повеќе од 309 литри на метар квадратен, што претставува апсолутен рекорд од кога постојат мерењата - 120 години наназад.

Досега највисокиот водостој на реката Сава бил 801 сантиметар, односно половина метар помал од сегашниот. Делот на реката кај Сремска Митровица достигна рекордно ниво на водата кој е некогаш регистриран во историјата, а изнесува 848 сантиметри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...