Холандија е одговорна за смртта на 300 муслимани во Сребреница

Хаг, 16 јули 2014 (МИА) - Холандската држава е одговорна за смртта на 300 муслимани убиени од страна на српските сили во босанскиот град Сребреница во 1995 година, соопшти денеска Граѓанскиот суд во Хаг.

Судот пресуди во корист на тужителите, роднини на некои од жртвите во масакрот во Сребреница, во кој српските сили убија над 8.000 Бошњаци.

Сребреница во 1995 година беше под заштита на холандските миротворци, кои без борба го предадоа градот на српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ. Тој во моментот е во Хаг каде  му се суди за воени злосторства.

Пред седум години здружението „Мајките од Сребреница“ поднесе тужба против Холандија од името на 8.000 жители на Сребреница, убиени при заземањето на енклавата.

- Барањето беше делуумно уважено. Судот ги подели жртвите на три категории. Добивме правда за една група, составена од 300 до 500 мажи, кои биле во базата на Обединетите нации во Поточари. За другите кои се наоѓаа околу базата, како и за мажите кои се насочиле од центарот на Сребреница кон шумата, судот пресуди дека државата Холандија не е одговорна, изјави адвокатот Семир Гузи, член на меѓународниот тим адвокати на жителите од Сребреница.

Тој посочи дека ќе ја обжалат денешната пресуда.
Претседателката на здружението „Мајките од Сребреница“ Мунира Субашиќ наведе дека ќе продолжат напорите за да се докаже одговорноста на Холандија за сите жртви на геноцидот во Сребреница.

- Воената база беше толку голема што можеше сите мажи да ги собере внатре. Како може Холанѓаните да се одговорни за смртта на човек кој бил зад ѕидот, а да не бидат одговорни за тие пред ѕидот, посочи Субашиќ.

Ако пресудата стапи во сила се очекува судот да и нареди на државата Холандија да плати обештетување на семејствата на жртвите. 
 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...