Ако Скопје е Македонија, тогаш Германија е Четвртиот Рајх

Портпаролот на грчката опозициска партија Независни Грци Теренс Куик упати остри критики до германската канцеларка Ангела Меркел која што нашата земја ја нарече Македонија, јави дописникот на МИА.

- Ако Ангела Меркел сака Скопје да го нарекува Македонија, игнорирајќи ги приговорите на Грците и резолуциите на ОН, тогаш не би требало да и пречи ако ние ја нарекуваме Германија со нејзиното вистинско име: Четвртиот Рајх, од економски аспект, истакна Куик.

Меркел вчера во Берлин ја одржа годишната традиционална летна прес-конференција на која зборувала и за Македонија.

На прашање од новинар на „Дојче веле“ дали „и паѓа на ум креативно и умно решение за таканаречениот спор околу името“ и дали „сака и лично повеќе да се заложи околу решението“, Меркел рекла дека „со оглед на тоа што бројот на комбинациите околу името кои доаѓаат предвид е ограничен, сега јавно не би ги кажала, зашто така би го ’изгорела’ предлогот“.

- Така е зашто ако нешто кажам, можам да се обложам дека ќе пристигнат два деманта - од Грција и од Македонија, или еден... Значи, таа варијантата нема да е веројатна. Затоа, моите разговори околу името се доверливи. Тоа е и онака тешко. Затоа има бранови во кои се внесувам во спорот, но и фази во кои оставам работите да мируваат. Но, со сигурност - ќе дојде момент кога лично ќе се заложам. Но, на крајот, може да помогнеме, но доколку актерите меѓусебно не се доближат, мојата помош не помага, го пренесува „Дојче Веле“ одговорот на германската канцеларка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...