Атинската полиција предупредува на крвава одмазда по апсењето на терористот Мазиотис

Атина, 21 јули 2014 (МИА) – Грчката полиција соопшти дека не ја исклучува можноста од нов напад врз полиција по минатонеделното апсење на терористот Никос Мазиотис, пишува весникот „То Вима“ повикувајќи се на свои извори.

Во летото 2010 година, откако беше разбиена екстремистичката организација „Револуционерна борба“, во знак на одмазда беше испратена пакет бомба со која беше убиен Јоргос Василакис, началник на личното обезбедување на министерот за јавен ред Михалис Хрисохоидис.

Никос Мазиотис и неговата сопруга Панајота Рупа беа пуштени на слобода во 2012 година по истекот на максималниот рок од 18 месеци во притвор во очекување на судскиот процес, но тој потоа им се криеше на правосудните органи.

Минатата година тие беа осудени во отсуство на по 25 години затвор за учество во „Револуционерна борба“. Во јануари годинава властите објавија награда од еден милион евра за информации кои може да придонесат за апсење на Мазиотис или Рупа.

Полициски извор за „То Вима“ изјавил дека повторното апсење на Никос Мазиотис минатата недела во центарот на Атина е „знак и за одбројување“ поврзано со откривањето и апсењето на друг баран терорист - 56-годишниот поранешен член на групата „17 Ноември“ Христодулос Ксирос, бидејќи се смета дека веќе е растурена и неговата мрежа.

Тој смета дека апсењето на најбараниот терорист Никос Мазиотис е можеби најголемиот удар на властите против таканаречената нова појава на „четвртата генерација градски герилци“.

Според него, повторната појава на групата „Револуционерна борба“, а исто така и на другата организација „Заговор на јадрата на огнот“, значи дека тиа всушност никогаш не биле сосема разбиени и оти сега треба да се спречат, пред да се регрупираат.

„Револуционерна борба“ е основана во 2003 година, откако и објави војна на Владата и ја презеде одговорноста за бројни напади. Подоцна групата соопшти дека протестира против мерките за штедење во Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...