Израелска и турска линија во БиХ

Сеопштата поделеност во БиХ се манифестира и во поддршката на често спротивставените сојузници. Во само неколку дена БиХ стана точка на која се вкрстија интересите на неспоредливо силни играчи – Израел и Турција. Недолго откако претседателот на Република Српска Милорад Додик отворено ја поддржа акцијата на еврејската држава во Појасот Газа, одекна веста за наводната порака на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган дека секој кој ќе провоцира во БиХ ќе има работа со 100 милиони Турци. Веста веднаш е демантирана, но предисторијата на изјавите на Ердоган за балканските настани доведе до тоа многу луѓе лесно да поверуваат во вистинитоста на оваа последна изјава.



Во БиХ не е тајна дека Сараево одржува блиски врски со Анкара и тоа дека Турција се доживува како еден вид лојален заштитник на меѓународната сцена. Не е тајна ни аспирацијата на Милорад Додик што повеќе да се приближи на Израел и од него да направи моќен стратешки сојузник на РС. Босанскиот дел од Федерацијата БиХ со Турција е поврзан пред се религиски, но и позицијата на Анкара (покрај Косово) на Балканот.

Интересот на Додик за сојузништво со Израел покрај заедничкото искуство на страдањата на Срби и Евреи во Втората светска војна исто така има исклучително прагматична димензија. Израел се доживува како моќен сојузник со големо меѓународно влијание, а поддршката на Тел Авив често значи и индиректна поддршка на Вашингтон, што веројатно не беше без значење при определбата на Додик за ваков пакт. Имено, односите на претседателот на РС со САД од неговата политичка кариера слабееја, а сојузништвото со Израел на некој начин помага на амортизацијата на декларативниот антагонизам.

Симпатиите на релација Тел Авив – Бања Лука никако не се еднонасочни. Во поддршка на соработката со РС се истакнува конзервативниот дел од израелската јавност. Така Џерусалем пост пишува: Сместена во аголот на Европа, сред континент кој се повеќе непријателски е расположен кон еврејската држава, постои одлучна и огнена нација која храбро продолжува да се справува со трендот на меѓународниот притисок и гордо стои покрај Израел. И токму благодарение на принципиелниот став на РС, Израел ја доби една од најважните дипломатски битки во последно време.

Секако, се работи за гласање во ОН во 2011 година, кога гласот на БиХ беше важен за одлуката за примање на Палестина во полноправно членство на ОН. Тогаш на меѓународната сцена излезе не само државната туку и ентитетската политика на БиХ. За донесување на таква одлука неопходен е консензус на сите членови на Претседателството на БиХ, а благодарение на српската поддршка на Израел, стопирана е поддршката на Палестина.

- Хрватскиот и муслиманскиот член на претседателството ја поддржуваа палестинската позиција, што не изненадува кога се има предвид непријателството кое овие две заедници во минатото го покажуваа кон Евреите. За среќа, Србите одлучно одбија да ја поддржат палестинската иницијатива, негирајќи ја можноста за постигнување на консензус на Претседателството на БиХ – наведе Џерузалем пост.

Поддршката на Турција на Босанците во БиХ, но и на целиот Балкан е подиректна. Најновата, наводно измислена изјава на Ердоган многумина ја читаат во клучот на неговата порака од пред две години кога рече дека Алија Изетбеговиќ му ја оставил Босна во аманет, како и оставнината од Османлиите.

- Кога го посетив во болница во Сараево, ми рече: - Ти ја оставам Босна во аманет. Босна и оставнината од Османлиите. Се уште се сеќавам на овие зборови – рече Ердоган.

Во прилог на тезата за латентните неоосмански претензии на Турција на Балканот уште појасно говори и ланската порака на Ердоган од Призрен, кога рече дека Косово е негова втора земја. – Не заборавајте, Турција е Косово и Косово е Турција, ние сме толку блиски, така и авторот на турската химна Мехмет Акиф Ерсој е од Косово од Пеќ.

Клучна фигура на турскиот неоосманизам сепак не е премиерот Ердоган. Расправата за новата надворешна доктрина на Анкара почна во 2009 година, со доаѓањето на Ахмет Давитоглу на чело на дипломатијата. Тој и пред доаѓањето на позицијата министер за надворешни работи ја формулира програмската визија на турската надворешна политика темелена на нео османизам, кој не е јавно именуван. Интересно е дека израелскиот продор на Балканот го проблематизираат токму најголемите апологети на турскиот фактор на просторите на поранешна Југославија. На тој фон поранешниот амбасадор на БиХ во Турција, Хајрудин Сомун во авторскиот текст за турски Заман прашува кои се целите на Израел на Балканот: - Развивање на односите меѓу Израел и Србија и воспоставување на специјални врски со босанските Срби има корени во агресијата на режимот на Слободан Милошевиќ на Хрватска и Босна во 90-тите години од минатиот век.

Во наоѓање на одговор на оваа дилема Сомун се повикува на објаснување кое го понуди хрватскиот филозоф Игор Приморац, професор на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, кој тврди дека израелскиот став кон балканскиот конфликт бил јасно и доследно просрпски, за разлика од мнозинството.

- Приморац во израелската историја наоѓа објаснување за ваквиот пристап. Тој вели дека Израел настанал по цена на претворање на најголем дел Палестинци во бегалци. Продолжувањето на неговото постоење како етничка еврејска држава е условено со забрана за повторно примање на протераните Палестинци.

Политика - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...