Русија стана партнер на терористите

Букурешт, 21 јули 2014 (МИА) - Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин „не може да бега од одговорноста“ во врска со минатонеделната несреќа на малезискиот авион во источна Украина.

Басеску изјави дека подеднакво одговорни за кризата во Украина и за трагедијата на малезискиот авион  се „терористите, кои ги окупираа Доњецк и Луганск во источна Украина, и Руската Федерација“.

- Тоа што се случи во Украина беше терористички акт, што доведе до убиство на 298 лица, посочи Басеску.

Тој забележа дека во источниот дел на Украина се води „хибридна војна“, која тешко може да се дефинира со воена терминологија.

- Кој е одговорен? На прво место терористите, кои ги окупираа Доњецк и Луганск, а подеднакво и Руската федерација. Таа стана партнер на овие терористи преку политичката поддршка, поддршката со стручен персонал, поддршката со вооружување од сите категории, вклучувајќи и тешки оружја. Тоа е заклучокот до кој дојдовме, посочи шефот на романската држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...