Како настануваат кодните имиња на полициските акции

Саилор, Пандора, Сабја, Балкански воин, Коверт, Голд и Палермо се некои од имињата на полициските акции на Балканот.

Акциите на полициските агенции, специјалните сектори за борба против разни форми на криминал, судски случаи во многу афери на кои сведочат граѓани во земјите од регионот, во последните години имаат интересни, а некогаш и не толку интересни имиња.

Јавноста во Босна и Херцеговина неодамна следеше апсење во акции со кодни имиња Сеилор или Пандора, во Хрватска најпознати беа аферите главно поврзани за поранешниот премиер Иво Санадер, кои добиле имиња по конкретни предмети, додека во Србија своевремено најзвучни имиња, но и конкретни резултати имале акциите како Сабља или Балкански ратник.

Давањето на кодни имиња на полициските акции не е само вообичаена пракса на овие простори, туку тоа се работи во речиси сите земји во светот од многу причини, пред се од практични. Случаите полесно се памтат, до податоци се доаѓа поедноставно, учесниците во акцијата едноставно се ориентираат и групираат, а осомничените сфаќаат дека биле предмет на истрага дури откако ќе им се стават лисици на рацете.

Живописни имиња

Искуствата на известувачите кои ги следат случаите од црната хроника во Хрватска ќе потврдат дека името на акцијата може да го даде кој било од тимот на истражувачи, командантот на акцијата, дури и шефот на полицијата, како и државниот адвокат лично. Поранешниот главен државен адвокат Младен Бајиќ своевремено именуваше акција за продажба и купување на испит на факултет, нарекувајќи ја Индекс.

Посебно интересни имиња имаа предмети од подрачјето на делувањето на Канцеларијата за спречување на корупција и организиран криминал УСКОК, па Хрватска имаше акција Грунтовец, по примерот на популарната серија Грунтовчани или Маестро, во која главниот осомничен беше познат како лице кое снима канцони, или пак Тунел, која имаше осомничени за повеќекратно боење на тунел на автопат.

- Не знам кој ги дава имињата на акциите, но морам да признаам дека вистина се интересни, па на нас судските известувачи и останатите хроничари, црните настани ни е полесно да следиме одреден случај под одредено кодно име – признава Ана Раиќ-Кнежевиќ, новинарка на Нови лист и претседателка на Комисијата на известувачи во Хрватското новинарско друштво.

Иако хрватските новинари се обиделе од одговорните да дознаат кој навистина ги дава имињата на акциите, не добиле конкретни и задоволувачки одговори, вели таа. Предупредува и на проблемот кој внесува збунетост, а според кој имињата на меѓународните операции се помалку збунувачки. – Проблем настанува кога во БиХ некоја акција се нарекува со едно име, а во Хрватска со друго – наведе Раиќ-Кнежевиќ.

Полесно препознавање на акциите и актерите

Иако имињата на акциите кои ги спроведуваше Државната агенција за истрага и заштита СИПА, како акциите Коверт, Голд или Палермо, јасно алудираат што би можело да биде во фокусот на делување на истражувачите, од таа агенција одговараат дека имињата често не се поврзани со конкретниот предмет.

- Кодните имиња на оперативните акции на СИПА се одредуваат според интерни правила на Агенцијата и истите по правило немаат врска со случајот на кој се работи – одговори Кристина Јозиќ, портпаролка на СИПА.

На прашањето дали имињата на оперативните акции на таа агенција можеби се дел од медиумската стратегија, бидејќи СИПА многу проактивно, колку што дозволуваат можностите, соработува со медиумите и јавноста, таа одговара негативно.

- Полицијата има обврска, а во некои случаи и потреба, итно да ја информира јавноста за настани кои се од интерес за јавноста. Во врска со тоа, СИПА проактивно ја информира јавноста за сите поголеми акции кои ги презема. Со навремено информирање на јавноста, претставниците на медиумите добиваат информации во дозволена мерка за да можат да ја работат својата работа и да не мора да се повикуваат на неформални извори и да изнесуваат евентуални дезинформации – објаснува портпаролката Јозиќ.

Со цел акцијата на јавноста да се претстави по репрезентативно, Агенцијата додава дека покрај информацијата, на медиумите повремено се доставуваат фотографии и снимки од теренот.

- Можеме само да кажеме дека кодните имиња на акциите придонесуваат за препознавање на акциите и конкретните активности во рамки на некои предмети од страна на пошироката јавност и тоа посебно во случаи кога одредени акции продолжуваат и кога за истите се известува во континуитет – заклучува таа.

Стогодишното искуство на полицијата во Србија

Ни искуствата во Србија не се разликуваат многу од тие во соседните земји, со забелешка дека таму имињата на полициските акции ги даваат речиси еден век. Во 1921 година тоа прв го направил Рудолф Арчибалд Реис, кој го сметаат за градоначалник на модерната српска полиција, И таму тоа исклучиво се прави од практични причини.

- Сето тоа ја олеснува работата на полицијата, но и на новинарите и целосната јавност, полесно да ја следат целата акција. На акциите имиња даваат самите полицајци, а главно тоа го прават по нешто што ги асоцира на некој детал од акцијата – ги пренесува своите искуства Ана Аџиќ, која со години ги следи настаните од рубриката Хроника, за белградскиот весник Блиц.

Наведе дека најзвучните акции, како Сабја, покрената по атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ или Балкански ратник (воин) во која предмет на обработка беше Дарко Шариќ, имаа јасна поврзаност со лицата и нелегалните активности со кои се бавеа одредени групи.

- Не постојат некои посебни одделенија за давање на имиња на акциите, а ист принцип на делување, колку што знам, имаат и другите полиции во регионот – наведе Аџиќ.

Иако речиси сите полиции во светот даваат шифрирани имиња на своите акции, интересно е дека искуствата на некои земји укажуваат на користење на посебни компјутерски програми со кои се бираат имињата. Но, без оглед на тоа какво име се дава на некоја акција, на сите на крај целта е иста; тие кои го кршат законот да ги сместат таму каде им е место, со претходно изречена соодветна казна.

Ал Џезира Балкан - сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...