Уште еден Косовец убиен во Сирија

Приштина, 22 јули 2014 (МИА) - Уште еден млад Косовец го загубил животот на боиштата во Сирија, со што официјалната бројка на загинати Косовци во оваа блискоисточна земја се искачи на четиринаесет.

Станува збор за Реџеп Морина(26)  од селото Дреноц кај Малешево. Веста за неговата смрт ја потврдиле од членови од семејство,  на кои пак веста им ја соопштиле две лица со големи бради кои дошле кај нив дома и им рекле „вашиот син загина како шехид на сириско тло“, објавуваат косовските медиуми.

Реџеп Морина пред неколку години заминал во Египет на студии и од таму се вклучил во војната во Сирија.

Во Сирија и Ирак се борат најмалку петстотини Албанци од регионот на Балканот, а нивен лидер е Лавдерим Мухаџери(25) од косовскиот град Качаник, кој се смета за бастион на џихадистите.

Според официјалната бројка најголем број загинати има од Косово дури 14, од Албанија девет, Македонија седум и од јужнот дел на Србија еден. Неофицијално бројката се смета дека е поголема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...