Нема докази за трговијата со органи

Приштина, 22 јули 2014 (МИА) - Главниот обвинител Клинт Вилијамсон најде докази за воените злосторства против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово, но не и доволно докази дека во Косово имало трговија со органи, објави денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.

Најмалку десет поранешни припадници на ОВК ќе бидат обвинети за воени злосторства за злосторства против цивилите.

Весникот наведува дека припадниците на ОВК ќе бидат покренати обвиненија и за исчезнување на голем број Срби од Зочишта и Ораховец, а за одговорни се сметаат и двајца високи офицери од ОВК.

Вилијамсон вчера ги претстави доказите пред косовските власти. Обвиненијата опфаќаат убиства на цивили, злоставување и нивно држење во нечовечки услови, но не и трговија со органи.

Се очекува припадниците на ОВК да бидат обвинети за поединечна, но не и за командна одговорноста, поради што би бил ослободен од одговорноста и премиерот Хашим Тачи.

Резултатите од тригодишната истрага шефот на Специјалниот истражен оперативен тим (СИТФ), обвинителот Клинт Вилијамсон ги претстави пред министрите за правда Хајредин Кучи, за внатрешни работи Бајрам Реџепи и за безбедносните сили Агим Чеку.

Вилијамсон вчера во Приштина се сретна и со претседателката на Косово, Атифете Јахјага, но не и со Тачи.

Извештајот на меѓународни истражители треба да биде објавен во текот на следната недела во Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...