Утре можна оставка на бугарската Влада

Софија, 22 јули 2014 (МИА) - Бугарската Влада на премиерот Пламен Орешарски, би можела да поднесе оставка по нејзината утрешна седница, соопшти денеска потпреседателот на Народното собрание на Бугарија, Маја Манолова.

Како што јави БТА, претходно извори во двете владејачки партии - Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Движењето за права и слободи (ДПС) потврдиле дека Владата ќе поднесе оставака до крајот на оваа недела.

Најавата за оставка на Владата уследи откакао денеска не се одржаа најавените политички консултации во бугарскиот Парламент, затоа што на нив не се појавија пратениците на опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).   

Манолова најави дека и покрај денешните неуспешни консулатации, најдоцна до 5 август ќе се одржи седница на Собранието на кое ќе биде донесена одлука за негово распуштање, со цел, согласно претходно постигнатиот договор, предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 октомври.

Последните парламентарни избори во Бугарија се одржаа лани во мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...