И „Српска“ поставува услови

за поддршката на новата косовска Влада

Приштина, 22 јули 2014 (МИА) - По движењето „Самоопределување“, и изборната листа „Српска“, и постави услови на трипартиската коалиција за формирање на идната косовска Влада, но со поинакви барања, пишува денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.

Постојат два основни услова, како што ги нарекуваат, за оваа  партија да гласа за новата косовска Влада. Тоа се итно формирање на Заедницата на српски општини на Косово и неспроведување на приватизацијата на претпријатијата што се наоѓаат во српските општини, меѓу кои и комбинатот „Трепча“ и „Брезовица“, наведува весникот.

Претседателот на листата „Српска“, Александар Јаблановиќ, како останати услови ги спомена и враќањето на имотот на Српската православна црква во Косово, како и овозможување услови на итно враќање на сите раселени косовски Срби.

Кандидатот за премиер на трипартиската коалиција, што ја сочинуваат Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Иницијативата за Косово, Рамуш Харадинај, негираше дека српската партија поставувала услови, нагласувајќи дека таа соработува со новото парламентарното мнозинство.

Харадинај притоа се изјасни за обновување на преговорите со движењето „Самоопределување“.

- Можеме да се вратиме на овие преговори бидејќи тие како и формирањето влада се во интерес на сите нас, односно на целиот албански политички спектар, вклучувајќи го и  „Самоопределување“, рече Харадинај по состанокот со новозибраниот претседател на косовското Собрание, Иса Мустафа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...