Четирикратно убиство и самоубиство во Албанија

Тирана, 22 јули 2014 (МИА) - Албанската јавност денеска ја вознемири четиркратно убиство на членови на едно семејство во селото Сук кај градот Фиер, јави дописникот на МИА.

Седумдесет и тригодишен жител на селото со ловечка пушка ги усмртил неговите двајца браќа, кои биле на возраст од 69 и 60 години, и 43-годишната сопруга и 17-годишната ќерка на едниот од нив, а потоа се самоубил.

Според полициски извори, старецот прво ги убил своите двајца браќа во дворот на куќата, а потоа во нивниот дом и снаата и внуката. Со ловечката пушка во рака излегол од дома и во блиската нива засадена со пченка се самоубил.

Масакрот бил поттикнат од противењето на убиецот покојната внука да се сврши со едно локално момче, кое не било по негова волја. Свршувачката била закажана за денеска.

За неполн месец ова е трета ваква семејна трагедија во Албанија. Прво, во селото Грете кај Тирана, шеесетгодишен маж си ја застрела сопругата и родениот брат, па се самоуби, а потоа, мајка се самоуби откако ја уби петнаесетгодишната ќерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...