Ѓукановиќ ќе биде сослушан во истрагата за убиството на уредникот на „Дан“

Подгорица, 22 јули 2014 (МИА) - Вршителот на должноста Главен државен обвинител на Црна Гора, Веселин Вучковиќ, денеска најави дека во следните неколку дена во Обвинителството ќе биде сослушан црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во рамки на истрагата за убиството на главниот и одговорен уредник на весникот „Дан“м Душко Јовановиќ.

Вучковиќ, како што пренесува подгоричкиот дневен весник „Вијести“, најави дека во текот на следните денови ќе бидат сослушани и останатите лица за кои се смета дека би можеле да имаат корисни информации за убиствотот од август 2004 година.

Убијците на новинарот ни по речиси десет години не се откриени, иако за соучесништво единствено е осуден Дамир Мандиќ, кој отслужува 18-годишна затворска казна.

Ѓукановиќ во повеќе наврати тврдеше дека посебно место имаат мерките што се преземаат за да се расчиси ова убиство, потсетувајќи дека на почетокот на годината е формиран предмет во Вишото државно обвинителство со цел да се направи анализа на преткривичните акти и постапувањата на државните органи во тој период.

- Деновиве ја добив поканата на државниот обвинител и одговорно ќе се јавам во првиот термин што ќе ми го дозволат обврските на премиерската функција, потврди Ѓукановиќ кон крајот на мај одговарајќи на пратенички прашања во Парламентот.

Ѓукановиќ тогаш нагласи дека посебна тежина во секоја демократска заедница има убиството на  новинар, бидејќи како претпоставка ја остава можноста дека е убиен заради изнесување на своите слободни ставови, што, ако се докаже, би било поразително за секоја демократска заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...