Во последно време немам директна комуникација со Обама

Анкара, 22 јули 2014 (МИА) - Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган призна дека во последно време не одржува директна комуникација со американскиот претседател Барак Обама.

- Претходно јас му се јавував директно. Но, бидејќи не можам да ги постигнам очекуваните резултати за Сирија, сега нашите министри за надворешни работи разговараат меѓу себе. Јас зборувам со потпретседателот Џо Бајден, изјави Ердоган во телевизиско интервју. 

Обама и Ердоган често водеа телефонски разговори за надворешно-политички прашања, посебно на почетокот на Арапската пролет. Последниот телефонски разговор меѓу нив двајца беше на 20 февруари, по што Белата куќа објави демант на пренесената содржина од разговорот од страна на турскиот премиер.

Ердоган во изминатиот период ги заостри изјавите против политиката на САД во врска со Египет, Сирија и израелско-палестинскиот конфликт, објаснувајќи дека не може да го разбере ставот на Вашингтон кон овие прашања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...