Членовите на Златна зора го одолговлекуваат судскиот процес

Атина, 23 јули 2014 (МИА) - Пратениците и членовите на Златна зора користат правни тактики за да ја одолговлекуваат кривичната истрага за неофашистичката партија и да го одложат почетокот на судењето планирано за месец ноември, со цел осомничените да бидат ослободени од истражниот притвор пред судиите да одлучат за нивната судбина, пишува „Катимерини“.

Од околу 30 пратеници и членови на партијата кои се во истражен притвор во врска со повеќе кривични дела, вклучувајќи го и убиството на раперот Павлос Фисас, повеќе од 10 поднеле барање за условно ослободување.

Затворениците имаат право да поднесат такви жалби, но фактот дека голем број од нив го направиле тоа во исто време сугерира дека целта е да се опструираат судиите да ја завршат истрагата, пишува „Катимерини“.

Ако судењето се одложи за после ноември, многумина од осомничените можат да бидат ослободени, затоа што веќе ќе имаат поминато максимум 18 месеци во истражен притвор, пред завршување на судењето.

Друга опструктивни тактика која ја користат осомничените е што предлагаат нови сведоци кои судиите треба да ги испитаат.

Според извори на весникот, од двајца судии кои ја водат истрагата, Јоана Клапа и Марија Димитропулу, било побарано да испрашаат најмалку 13 нови сведоци. Иако тактиките на осомничените јасно се злоупотребуваат, според судски извори, законот е на нивна страна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...