Осуммина Романци загинаа во тешка сообраќајка во ШпанијаБукурешт, 23 јули 2014 (МИА) - Осуммина романски државјани, меѓу кои има тројца мажи, три жени и две деца, загинаа во тешка сообраќајна несреќа.
Минибусот, со кој патувале Романците, се судрил со камион, кој се движел во спротивната насока. Минибусот се запалил и целосно изгорел.
Несреќата се случила во близина на градот Аликанте.
|