Тачи побара да се сочека одлуката на Уставниот суд за конституирањето на косовскиот Парламент

Приштина, 23 јули 2014 (МИА) - Косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи денеска од политичките субјекти во земјата побара да го почекаат одговорот на Уставниот суд за барањето на неговата партија ДПК за утврдување на регуларноста на процесот на конституирање на косовскиот Парламент.

Тачи на седница на Владата оцени дека целокупниот процес после 8 јуни оди во правец на усогласување со Уставот и законите на Косово, дека Уставниот суд веќе дал мислење за барањето на претседателката на Косово, но дека тој суд сега разгледува и други случувања.

- Мислам дека е тоа еден најнормален процес, транспарентен во рамки на демократскиот развој. Истовремено, ги повикувам сите на трпение, разум и верување во независните институции на Косово, рече Тачи.

Од друга страна, коалцијата ДСК-АБК-Иницијатива за Косово во свое соопштение на Владата во заминување и посочи дека има сознанија дека во владата се вработуваат активисти на ДПК, пренесуваат приштинските медиуми.

Коалцијата ДСК-АБК-Иницијатива за Косово порача дека доколку го преземе водењето на Владата ќе ги преиспита сите договори што досегашната влада ги направила во последните шест месеци, а по кои, како што тврди, без никакви конкурси и критериуми вработила многубројни активисти на ДПК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...