И Албанците знаат дека не сум виновен

Белград, 24 јули 2014 (МИА) - Апсолутно сум сигурен оти ќе докажам дека не сум виновен, но дотогаш морам да платам висока цена, изјави за денешното издание на весникот „Вечерње новости“ Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, кој се наоѓа во притвор од 27 јануари.

Тој смета дека е се уште во затвор поради „вештачка политичка рамнотежа“, бидејќи се „во тек или се подготвуваат сериозни постапки“ против албански политичари во Косово.

На прашањето како ја толкува минатонеделната одлука на Апелацискиот суд за одбивање на неговата жалба на решението за продолжување на притворот, Ивановиќ одговори дека немал преголеми очекувања, знаејќи дека во вака политички чувствителен момент судот нема да донесе „радикално решение“ и да го пушти да се брани од слобода.

Тој тврди дека обвинувањата за негово учество во злосторствата врз Албанците во 1999 година се целосно бесмислени, бидејќи за време на тие настани бил во Приштина и работел заедно со многу Албанци, кои и тогаш доаѓале на работа.

- Имам многу сведоци со кои работев секојдневно и кои ќе го потврдат тоа. Во секој случај, не бев регрутиран, ниту сум учествувал во воени случувања. Потоа бев политички активен, а моите политички ставови можат лесно да се проверат на Интернет, нагласи Ивановиќ.

Запрашан кој е тогаш вистинскиот мотив за обвиненијата против него, тој тврди дека било „потребно да се уапси и некој од Србите, за да не се предизвика преголем револт меѓу нив“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...