Приоритет е обновување на домовите

Сараево, 24 јули 2014 (МИА) - Податоците за тоа колку БиХ на неодамнешната донаторска конференција во Брисел добила донации, а колку кредити, треба да бидат познати до крајот на неделава, изјави шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Петер Соренсен, додавајќи дека приоритети се обновување на работните места и домовите на настраданите во мајските поплави. 

- Како некој што ги спроведува проектите овде, не би бил резервиран кон она што пристигна од Брисел. Кредитите се многу поволни, со ниска каматна стапка, верувам дека тоа е околу два отсто, и со подолг грејс период, истакна Соренсен.

Тој нагласи дека може да зборува само во име на Унијата, а што се однесува до другите донатори и кредитодаватели, тие ќе го определат начинот и темпото на доставување на парите.

- Нашите проекти во најголема мерка се реализираат по пат на ИПА фондовите. Станува збор за некои 85 милиони евра... Работиме на тоа со кого ќе ги спроведеме започнатите проекти и како. Што се однесува до кредиторите, верувам дека и тие брзо ќе ги испратат своите пари и со властите во БиХ ќе го договараат начинот на имплементирање, објасни европскиот претставник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...