Бугарскиот Парламент ја прифати оставката на Орешарски

Софија, 24 јули 2014 (МИА) - Бугарскиот Парламент ја прифати денеска оставката на премиерот Пламен Орешарски и целиот негов кабинет, со што е отворен пат за предвремените избори на 5 октомври. 

За оставката на Владата гласаа 180 пратеници, против се изјаснија осуммина, а исто толку беа воздржани.

Кабинетот на Орешарски ќе ги извршува своите функции до именувањето на нов состав.

- Работевме во најтешкиот политички период, но и покрај тоа исполнивме поголем дел од нашите ангажмани за оваа една година, истакна Орешарски за време на дебатите во Парламентот по поднесувањето на оставката.

Тој истакна дека неговиот кабинет се водел од интересите на народот и покрај секојдневниот отпор, но сепак постигнале добри резултати.

Орешарски им заблагодари на сите кои ја поддржале неговата Влада, како и на опозицијата за конструктивната критика и коректниот однос.

- Ве уверувам дека освен како добри познаници и колеги, секогаш на вас сум гледал како на претставници на огромното мнозинство на бугарски граѓани, кои и покрај своите политички разлики имаат една заедничка цел, а тоа е да живеат во подобро уредена држава. За мене беше чест и одговорност да работам на исполнување на таа цел, го заврши Орешарски своето обраќање во Парламентот.

Пламен Орешарски, кој беше на премиерската функција нешто повеќе од една година, вчера поднесе оставка поради лошите резултати на Социјалистичката партија на мајските избори за Европски парламент. Лошите изборни резултати на оваа партија го поттикнаа и нејзиниот коалициски партнер во Владата да не и даде поддршка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...