Регионалните закани за Грција

Случувањата во поширокиот регион околу Грција создаваат нова реалност, но и нови закани за интересите на земјата

Блискиот исток се претвора во огромна црна дупка и никој со сигурност не може да предвиди до каде ќе одведат бурните процеси во Ирак, распаѓањето на државите како Сирија и Либија, и затегнатоста на Палестинската автономна територија.

На прв поглед, Грција геополитички си ги засилува своите позиции затоа што продолжува да е сигурно пристаниште во еден толку нестабилен регион.

Сепак остануваат исклучително сериозните закани и опасности, кои не можат да бидат занемарени.

Проблемот со нелегалната емиграција веќе добива џиновски размери, но ништо не покажува дека оваа појава е на пат да биде сопрена.

Очајот на луѓето од соседните земји на Грција на основа на демографската реалност преставува многу експлозивна околност. Сите ја чувствуваат болката на луѓето кои натрупани заедно со децата се качуваат на пловечки објекти и ја бараат шансата за подобар живот.

Но, ниту Грција ниту пак Европа не можат да го издржат тој наплив на нелегални емигранти, и порано или подоцна Европската Унија ќе треба да пристапи најсериозно кон ова прашање.

Друга закана по Грција е појавата на исламскиот тероризам во земјите од Јужна Европа. Илјадници луѓе веќе се обучени да водат најжестока партизанска војна, додека истовремено се одвива купувањето на огромни количини оружје и експлозиви.

Експертите за безбедност често сонуваат кошмари на основа на сценаријата за напади на западни објекти и ексклузивни бродови и хотели во државите како Италија или Грција.

Новите технологии даваат неверојатни можности за такви операции, што човек го тера само да се плаши. Освен тоа, во последниве години Грција направи значајни чекори. Државата стана многу поблиска со Израел, со кого изгради тесни односи на соработка во разни сектори... кои на прв поглед и не можат да се видат.

Ќе се задржат ли тие односи и до кога Грција може ја игнорира самоуништвачката политика на Израел кон Палестинците, која ги разгневи дури и најзакоравените сојузници на Тел Авив?

Во секој случај, земјата претставува истурен фронт во претстојниот момент за оние кои разбираат што се случува во регионот.

Карактеристичен во тој однос е одговорот на дипломат од една западна земја во однос на борбата против нелегалната емиграција, и спречувањето на проникнување на меѓународни терористички групации во Грција, кога беше прашан: „Зошто ни помагате толку многу?“.

- Полесно е и поевтино да им парираме на овие закани тука и сега, отколку кога ќе стигнат на наша територија, одговори тој.

Катимерини - Атина



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...