Тројца Срби обвинети за убиството на девет цивили во БиХ

Сараево, 25 јули 2014 (МИА) - Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска  покрена  обвинение за воени злосторства против тројца поранешни припадници на Војската на босанските Срби кои се товарат за убиство на најмалку девет лица од бошњачка националност на подрачјето на Приједор.

Митар Власенко (59), неговиот брат Раде (54) и Драго Кончар (55) се обвинети за учество во масовни прогони на несрпското население од подрачјето на Приједор кои паравоените единици на босанските Срби ги спроведувале во текот  на пролетта и летото 1992 година.

Во Приједор тогаш биле убиени повеќе од 3.500 цивили Бошњаци и Хрвати, а по телата на околу 1.000 жртви се уште се трага.

Тројцата обвинети Обвинителството на БиХ ги товари дека во јуни 1992 година во текот на нападот на населбата Козарац, во урнатините  на една куќа пронашле осум цивили кои  потоа ги стрелале. Убиените биле мажи од бошњачка националноста, главно на помлада возраст, а најмладата жртва имала само 17 години.

Телата на шест жртви се пронајдени и ексхумирани по војната, додека по телата на двајца од убиените се уште се трага.

Раде Власенко дополнително се товари дека во јули 1992 година, заедно со уште еден припадник на Војската на босанските Срби, од логорот Трнопоње, прво одвел на присилна работа едно седумнаестогодишно момче, за потоа и да го убие. Неговото тело, исто така, е пронајдено по војната.

Обвинителството на БиХ најави дека наводите од обвинението ќе ги докажува со повикување на околу 30 сведоци и вештаци, а со обвинението се приложени повеќе од стотина материјални докази, вклучувајќи ја и документацијата за ексхумирањето и идентификацијата на убиените жртви.

Обвинетите ќе се бранат од слобода, но изречени им се мерки за забрана за напуштање на престојувалиштата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...