Италија ја поддржува Србија на европскиот пат

Белград, 28 јули 2014 (МИА) - Шефицата на италијанската дипломатија Фредерика Могерини денеска на највисоките српски претставници им пренесе дека не постои негативно сценарио за пристапот на Србија во Европската унија и дека е неприфатливо сценариото за прекин на тој пат.

Таа истакна дека Италија ќе продолжи да пружа поддршка за европската перспектива на Србија и изрази надеж оти Србија ќе успее да отвори некои важни поглавија во преговорите со ЕУ за време на италијанското претседателствување.

Српскиот претседател Томислав Николиќ на средбата со Могерини наведе дека Србија ја покажала својата решеност да воспостави систем со кој ќе создаде сигурно место за инвестиции.

На средбата меѓу премиерот на Србија, Александар Вучиќ и Могерини беше констатирано дека односите меѓу двете земји се пријателски и многу блиски.

- Италија е еден од најсигурните партнери на Србија и ја сметаме за искрен пријател и сме благодарни на поддршка од Рим во процесот на европските интеграции на Србија, посочи Вучиќ.

Могерини нагласи дека Италија и понатаму ќе ја поддржува европската перспектива на Србија, како и продолжувањето на дијалогот со Приштина.

Вучиќ и Могерини се договорија да одржат заедничка седница на двете влади пред крајот на годината во Белград, која ќе биде посветена на економските прашања и на енергетските прашања.

Претходно, Могерини се сретна и со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

- Се надеваме дека италијанското претседателствување со Европската унија ќе даде дополнителен поттик на европските интеграции со Србија, посочи Дачиќ.

Могерини истакна дека „Србија успеа да постигне историски чекори кои се значајни и за цела Европа, пред се со договорот со Приштина и со отворањето на пристапните преговори“.

Италијанската министерка за надворешни работи се сретна и со претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ, а потоа на панел дискусијата наведе дека ЕУ не го користи зборот ултиматум, туку разговара и договара.

Могерини во обраќањето пред пратениците наведе дека еден од приоритетите на италијаснкото претседавање со ЕУ е политиката на добрососедство во Медитеранот и на другите подрачја со повремени кризни жаришта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...