Стационирање беспилотни летала на грчка територија

Атина, 29 јули 2014 (МИА) - САД и Грција водат тајни преговори, што се наоѓаат во понапредна фаза, за стационирање американски беспилотни летала на грчка територија, посебно на островот Крит, открива грчкиот весник „Вима“.

Според весникот, Вашингтон извршил притисок врз грчката Влада да одлучи дали ќе го прифати или не барањето за стационирање беспилотни летала. Првичната идеја била тие да бидат распоредени во рок од шест до дванаесет месеци.

Се планира беспилотните летала да бидат стационирани  во воздухопловната база во реонот на Кастели.

Американската страна инсистирала договорот за авионите да се склучи до почетокот на јуни, но тоа се покажало како недостижен рок.

„Вима“ тврди дека американското барање е од 2013 година и дека било формулирано за време на грчко-американската средба на консултативниот комитет на највисоко ниво од минатата есен. Преговорите почнале во јануари годинава.

Барањето на САД за разместување беспилотни авиони не е посебен акт, туку е дел од една поширока стратегија, што суперсилата се обидува да ја спроведе во Медитеранот.

Таа е и во контекст на доктрината, што неодамна американскиот претседател Барак Обама ја претстави на воената акедемија Вест Поонт, а е во врска со начинот на кој во иднина ќе се промовира американската моќ. Акцентот во неа се става на избегнувањето копнени судири и на употребата на беспилотни летала и специјални единици на Пентагон и ЦИА.

Новата американска стратегија ќе се разгледува во контекст на кризите во северна Африка и на Блискиот Исток поради новата „децентрализирана форма“ на исламски тероризам во ерата по Ал Каеда, но, исто така, и во контекст на конфронтацијата со Русија околу Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...