Нема докази за трговија со органи вo Косово

Брисел, 29 јули 2014 (МИА) - Главниот обвинител за истрагата за трговијата со човечки органи во Косово во 1999 година, Клинт Вилијамсон, денеска во Брисел изјави дека не се најдени доволно докази оти на киднапирани лица насилно им биле вадени органи.

- Тоа што засега нема докази не значи дека нема да ги има, укажа Вилијамсон и додаде дека станува збор за „дивјачка постапка за која нема оправдување“.

Тој потсети дека во извештајот на швајцарскиот сенатор Дик Марти беше посочено оти станува збор за „неколку“ случаи, а не за стотици, како што се шпекулираше во медиумите.

Вилијамсон изјави дека се најдени докази за систематски злосторства врз националните малцинства во Косово, пред се врз Срби и Роми.

- Делови од командната структура на Ослободителната војска на Косово (ОВК) по завршувањето на судирите во Косово во 1999 година организирале етничко чистење јужно од Ибар, а потоа и елиминација на политичките ривали, изјави Вилијамсон, додавајќи дека не станува збор за индивидуални случаи, туку за организирана кампања во која учествувал врвот на ОВК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...