Тачи ќе бидe обвинет за воени злосторства

Белград, 30 јули 2014 (МИА) - Изјавата на главниот обвинител за истрагата за трговијата со човечки органи во Косово во 1999 година, Клинт Вилијамсон, дека лидерите на ОВК ќе бидат обвинети за злосторства врз Срби и неалбанци значи дека на листата на обвинети за воени злосторства ќе се најдат и поранешниот лидер на ОВК и косовски премиер во заминување Хашим Тачи и уште десетина членови на ОВК, пишува белградскиот весник „Блиц“.

Извор на весникот од Владата на Србија изјави дека „не треба да се изненадиме доколку пред новиот суд за злосторствата на ОВК се покренат и постапки за трговијата со органи“.

- Извештајот на обвинителот Вилијамсон е многу позитивен за Србија и претставува многу значајна работа. Полното значење ќе се види кога ќе дојде време за покренување на обвинението, додава изворот на белградскиот дневен весник.

Вилијамсон вчера во Брисел изјави дека не се најдени доволно докази дека на киднапирани лици во Косово во 1999 година насилно им биле вадени органи, но дека постојат докази за вмешаноста на врвот на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во етничко чистење.

- Тоа што засега нема докази за земање органи не значи дека нема да ги има, укажа Вилијамсон, додавајчи дека истрагата ќе продолжи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...