Три жртви на поплави во Бугарија и Рoманија

Букурешт/Софија, 30 јули (МИА) - Три лица загинаа, а повеќе од стотина беа принудени да ги напуштат своите домови, поради поплавите што зафатија повеќе села во Бугарија и Романија.

Поројните дождови предизвикаа поплави во реонот на градот Габрово во централниот дел Бугарија, каде животот го загуби 61-годишна жена, а едно лице се води како исчезнато.

Без струја се 17 села и делови на градот Габрово, а има проблеми и во снабдувањето со вода. Регистрирани се појави на лизгање на земјиштето, а уништени или ошттени се и неколку мостови и патишта.

Во поплавите на повеќе локации во Романија загинаа две лица, меѓу кои  и еден 72-годишен маж, соопшти романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа.

„Романските железници“ соопштија дека поради поплавите еден воз излетал од шините, но нема податоци за евентуални жртви или повредени при несреќа.

Во околината на градот Новаци во југозападна Романија, од три села се евакуирани 500 лица, додека 75 куќи се урнатипри налетот на водите од реката Ѓилорд, достигнаа ниво од три метри и ги проби заштитните насипи.

Во загрозените подрачја се упатени три хеликоптери, кои им укажуваат помош на жителите заедно со припадниците на армијата.

Поплавените подрачја ги посети и романскиот премиер Виктор Понта.

Романија оваа година се соочи со најврнежливото лето регистрирано досега, додека обилните дождови предизвикаа повеќе поплави во источните делови на Бугарија. Во поплавите во јуни во Варна загинаа 13 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...