Опозицијата го напушти бугарскиот Парламент

Софија, 30 јули 2014 (МИА) - Главната бугарска опозициска партија, Граѓани за демократски развој на Бугарија (ГЕРБ) денеска соопшти дека го напшута Парламентот и дека нема да учествува во работата на собраниската седница закажана за в понеделник.

- Доволно беше. Од сега натаму одговорноста е само на БСП (Бугарската социјалистичка партија). Ако им си носат закони, нека се договорат со ДПС (Движењето за права и слободи) и со „Атака“, како што прават веќе година и два месеци и потоа нека ги спроведуваат. Тоа е нивна работа, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, додавајќи дека веќе ништо неможе да ја врати опозицијата во пленарната сила.

Борисов истакна дека ГЕРБ „како одговорна политичка сила, многу сакала да им помогне на претседателот и на Владата, но дека тоа веќе е невозможно“.

Потпреседателот на Народното собрание на Бугарија, Маја Манолова минатата недела најави дека најдоцна до 5 август ќе се одржи седница на Парламентот на која ќе биде донесена одлука за негово распуштање, со цел, согласно претходно постигнатиот договор, предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 октомври.

Последните парламентарни избори во Бугарија се одржаа лани во мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...