Две жртви и милионскии штети од мајските поплави во Хрватска

Загреб, 30 јули 2014 (МИА) - Хрватската Влада денеска го усвои извештајот за мајските поплави, во кој се наведува дека биле загубени два човечки живота, дека штетата се мери во стотини милиони евра и дека се променети судбините на многу семејства.

Заменик-министерот за внатрешни работи Евелин Тонковиќ, на седницата на Владата рече дека асанацијата на поплавениот терен е во тек, па вкупните трошоци не можат точно да се проценат.

Во поплавите настрадаа три славонски општини, беа уништени или оштетен 19 јавни згради, како и инфраструкура, а беа евакуирани околу девет илјади лица. Уништени се над 8.500 хектари земјоделски површини, а имаше и околу 11 илјади угинати животни.

- Со катастрофата беше управувано според правилата и со одредени тешкотии беше направено најмногу што можеше да се направи во дадените околности. По почетните жртви, немаше дополнителни страдања, зарази, кражби, а загрозеното неселение беше згрижено, рече заменик министерот.

Агенцијата Хина наведе дека хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и во оваа прилика потсети дека до сето ова немаше да дојде да не пукнеше новиот насип, а зошто дојде до тоа се уште не е познато.

- Нема јасен одговор зошто се случи тоа, новиот дел од насипот се распадна. Не знам дали некогаш ќе добиеме одговор што воопшто се случи, рече Милановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...