Погрешно бев разбран

Приштина, 31 јули 2014 (МИА) - Главниот обвинител на Специјалната единица за истрагата за трговијата со органи и воени злосторства на ОВК, Клинт Вилијамсон, во ексклузивно интервју за дневниот весник „Коха Диторе“, рече дека доколку досега беше формиран Специјалниот суд, тој веќе ќе имал покренато обвиненија.

Вилијамсон објасни дека во Брисел не кажал „нема докази за трговијата со органи“, туку дека „има убедливи индикации дека тоа се случило“ и прифаќа дека неговите заклучоци главно се идентични со оние на Дик Марти од неговиот извештај, а пред него и на главната обвинителка на Хашкиот Трибунал Карла Дел Понте, пренесува Танјуг.

Во интервјуто Вилијамсон вели дека ги знае имињата на оние кои ќе бидат обвинети.

- Ние знаеме кои се тие лица за кои мислиме дека се одговорни за злосторствата и истрагата ќе продолжи и ќе биде фокусирана врз нив. Во зависност од тоа како ќе се одвива истрагата во следните месеци, можно е и други поединци да бидат опфатени  на списокот на обвинети, рече Вилијамсон, повторувајќи дека ОВК нема да биде обвинета, туку поединци.

Тоа што остана неразјаснето по неговото претставување во Брисел во вторникот, е сомнежот дали имало или не трговија со органи. Тој вели дека ги видел насловните страници во весниците за тоа дека „Вилијамсон кажал дека нема трговија со органи“.

- Јас не го реков тоа. Тоа  што го кажав е дека има убедливи индикации дека тоа се случило, ние веруваме дека една таква работа се случила, но во ограничен степен. Значи постои голема разлика меѓу тоа кога се вели „дека нема докази“ и реченицата „нема доволни докази за во овој момент да се покрене обвинение за тоа“. Сметам дека тоа е многу значајно разјаснување, рече Вилијамсон.

На прашањето дали во август навистина ќе замине од функцијата, Вилијамсон изјави дека во следните месеци ќе замине, заедно со уште еден или двајца свои колеги.

- Меѓутоа, целата екипа ќе остане функционална. Значи целата екипа која од самиот почеток работеше во овој случај ќе остане и ќе продолжи со работата. Но, секако на крајот, мојот наследник ќе биде тој што ќе ја има примарната одговорност да ги иницира обвиненијата, рече Вилијамсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...