Турците во странство гласаат за претседател на земјата

Берлин, 31 јули 2014 (МИА) - Турските државјани, кои живеат во странство, од денеска почнаа со гласање за претседателските избори во Турција, кои ќе се одржат на 10 август.

Околу 2,8 милиони Турци кои живеат во странство, од кои половината живеат во Германија, имаат право на глас на изборите, иако, според одредени пишувања во медиумите, само неколку стотина илјади се регистрирале за гласање.

Околу 1,4 милиони турски гласачи, кои живеат во Германија, до недела треба да ги заокружат своите гласачки ливчиња во едно од седумте избирачки места, кои се отворени од турските власти во Германија. Веднаш потоа гласачките ливчиња ќе бидат транспортирани со авион во Турција, каде ќе се пребројуваат.

Ова е првпат турската дијаспора да може да гласа на избори од земјата во која живее. Досега Турците во странство гласаа на аеродромите или на граничните премини на матичната земја.

Олимпискиот стадион во Берлин е одреден за гласачко место на Турците кои живеат во овој град и неговата околина. Отворени се, исто така, гласачки места и во Минхен, Франкфурт, Дизелдорф и Хамбург.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган е фаворит на претседателските избори, на кои првпат шефот на државата се избира со директно гласање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...