Албанскиот парламент го изгласа законот за нова територијална поделба на земјата

Тирана, 31 јули 2014 (МИА) – На денешната седница, последна пред летните одмори, без присуство на опозицијата, која ја бојкотира работата на законодавниот дом, албанските народни избраници го изгласаа Законот за нова административно-територијална поделба на Албанија.

Законот беше донесен со 88 гласови „за“ еден против и еден воздржан. Против беше потпретседателот на парламенотот и лидер на партијата за заштита на човековите права(партија на Грците) Вангел Дуле, кој смета дека новиот закон е насочен кон асимилација на малцинствата и оти не се почитуваат меѓународните стандарди за малцински права.

Тој најави одржување референдум за општина Химара. Пратениците кои го подржаа законот,како и премиерот Еди Рама законот го оценија како историска реформа, која е во интерес на сите.

Реплицирајќи на обвинувањата на Дуле, Рама рече дека формирање три општини на малцинствата зборува многу за почитувањето на правата на малцинствата.

Со новиот закон Албанија има 61 општина.

Од македонските само општина Пустец останува самостојна. Трите општини во областа Голо Брдо, Стеблево, Требиште и Острени, се припојуваат кон албански општини , исто како и Шиштавец, Топојан и Запот во областа Гора.

Партијата и здруженијата на Македонците во повеќе наврати го кажаа својот став дека се против владиниот предлог барајќи да се формираат општина Голо Брдо и општина Гора. По донесувањето на законот тие најавуваат барање за ревизија од меѓународни инситуции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...