Убиените бебиња во Газа немаат медиумско внимение ниту колку насуканите китови

Анкара, 1 август 2014 (МИА) - Американско-еврејскиот конгрес ја побара назад наградата што ми ја додели. Доколку ја поддржувате  оваа тиранија, овој геноцид, овој хитлеровски фашизам и режим кој убива деца, тогаш земете ја оваа награда и со неа правете што сакате, порача турскиот премиер и претседателски кандидат Реџеп Тајип Ердоган на митинг во турскиот град Ван, јави агенцијата Анадолија.

„По што ова што Вие го правите се разликува од тоа што го правеле Хитлер и нацистите?“, запраша Ердоган, алудирајќи на Израел и неговата офанзива во Газа.

Потсетувајќи на тоа дека Израел во текот на Рамазан и Бајрам во Газа сееше смрт, не водејќи сметка дали се во прашање цивили, жени или деца, рушејќи се пред себе, не обрнувајќи внимание дали е во прашање училиште, болница, џамија, Ердоган изјави дека „во 25 дена се убиени околу 1.300 наши браќа во Газа. Од таа бројка околу 250 се деца, 100 жени... Децата во Газа не ја почувствуваа радоста на Бајрам, за Бајрам не можеа слободно да излезат на улиците, да играат во парковите, туку станаа шехиди во своите домови, на улиците, парковите и на брегот на морето“, изјави Ердоган.

Ердоган на митингот изјави дека на некои им пречи кога „нехуманоста на израелската управа ја споредува со геноцид, како што им пречи и кога тоа што Израел го прави го споредува со тоа што Хитлер и нацистите го правеле“. Затоа, од  Ван тој му порача на светот дека нема разлика меѓу тоа што го прави Израел и тоа што го правеле Хитлер и нацистите.

„Како да го окарактеризираме тоа што го прави Израел освен како геноцид. Тоа е расизам, фашизам, тоа е оживување на духот на Хитлер. Според нив, да убиете  муслиман е легитимно но...“, порача Ердоган.

Ердоган додаде дека убивањето бебиња на Западот нема медиумско внимание ниту како неколку насукани китови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...