Еулекс нема тајни списоци за апсење

Приштина, 1 август 2014 (МИА) - Главната обвинителка на Еулекс Јарослава Новотна денеска изјави дека Еулекс нема тајни списоци за апсење, но дека постојат истраги кои ги спроведува и кои ги вклучуваат припадниците на сите националности.

Новотна во изјава за Танјуг кажа дека се целосно неосновани шпекулациите дека постојат тајни списоци за апсења или тајни обвиненија и дека мисијата на Еулекс категорички тврди дека нема такви листи.

- Законот не предвидува постоење тајни и запечатени обвиненија. Секако, постојат истраги кои се во тек и кои вклучуваат припадници на сите националности. Во некои случаи овие истраги доведоа до апсења и покренувања обвиненија, рече Новотна.

Главната обвинителка на Еулекс објасни дека кога обвинението ќе се поднесе за тоа се информира обвинетиот и неговите адвокати, повторувајќи дека нема „тајни списоци“.

- Кога некој е обвинет и информиран за обвинеието, тоа е еден од камен темелниците на отворениот и транспарентен правосуден систем, тоа е камен темелник на владеењето на правото, кажа Новотна.

Некои од претставниците на Србите од Косово тврдат дека Еулекс поседува списоци за апсење кои се „во функција на етничкото чистење на преостанатите Срби од северот на Косово“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...