Се подготвува нов судир меѓу вахабистите во БиХ

Бањa Лука, 1 август 2014 (МИА) - Службите за безбедност во Босна и Херцеговина се во состојба на зголемена готовност заради сериозните предупредувања од западните разузнавачки агенции дека во Сараево и другите градови во Муслиманско-хрватската федерација се подготвуваат жестоки судири меѓу непријателските фракции на радикалното исламистичко движење вахабити, соопшти електронското издание на весникот „Прес Републике Српске“.

Според добро информирани извори на весникот, информацијата дека земјата е под закана од отворен судир меѓу две непријателски вахабитички движења е една од главните причини заради кои британската Влада уште пред половина година одлучи во БиХ да испрати дополнителни сили во рамки на Европските сили за брзо реагирање (ЕУФОР).

Едното од нив, предводено од Нусрет Имамовиќ, се поврзува со Ал Каеда, а на чело на второто е Бајро Икановиќ, кој има војувано во Сирија на страната на исламистичката група „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ).

Според босанските служби за безбедност, најголемата опасност во моментот не се потенцијалните терористи, кои можат да ги нападнат амбасадите на САД или западните земји, туку избувнувањето на вистинска мала војна меѓу вахабитите.

Главна причина за нивниот конфликт е поделбата на исламистичките доброволци во Сирија на поддржувачи на таканаречениот фронт Ан Нусра, кон кој припаѓа и неформалниот лидер на вахабитите од Горна Маоча, Нусрет Имамовиќ, и на приврзаниците на воената формација ИДИЛ (од која заради нејзината неверојатна жестокост и радикализам се откажа дури и Ал Каеда), кон која се е приклучил лидерот на босанските селафити Бајро Икановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...