Драган Ѓуриќ, месар од Сурчин, кој е
осомничен за убиството на Тијана Јуриќ призна пред истражните органи дека го извршил убиството и открил детали од монструозното убиство.
После полиграфско испитување, притиснат од докази убиецот открил ужасни детали.
- Испив еден литар коњак, неколку чаши ракија во кафуле и отидов на панаѓур мислејќи дека има забава.
Патем ја сретнав Тијана, за која дури и незнаев како се вика. Ја закачив со автомобилот, а таа почна да вика за помош.
Тогаш и ја затворив устата да замолчи и ја ставив во автомобилот, изјавил убиецот без трошка каење при што и многу искусни полицајци се изненадиле на неговата ладнокрвност.
Откако го признал убиството тој ја одвел полицијата на местото каде што ја закопал несреќната девојка.