Јахјага: Радикалниот ислам е еден од главните проблеми на Косово

Белград, 19 август 2014 (МИА) - Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска изјави дека „исламскиот радикализам“ е еден од главните проблеми во Косово и институциите треба да дејствуваат против поединците и групите кои претставуваат закана за безбедноста на Косово, соопшти белградскиот весник „Блиц“.

- За нас како општество е важно да се дистанцираме од криминалните и екстремистичките злосторства, кои немаат ништо заедничко со вредностите и идеалите врз кои ја градиме нашата држава, изјави Јахјага во интервју за програмата на албански јазик на Радио Слободна Европа.

Таа оцени дека станува збор за изолирана група лица кои се радикализирани и изманипулирани, за кои постојат основани сомненија дека биле дел од организации чија цел била изведување терористички и криминални злосторства во Косово и надвор од него.

- Станува збор за поединци кои се закана за нашата национална безбедност. Како државните институции, така и граѓаните ги осудуваат таквите активности и ориентација, изјави Јахјага.

Претседателката на Косово уште додаде дека треба да продолжи дијалогот со Србија со посредништво на ЕУ се додека не се решат сите взаемни прашања и овој процес треба да заврши со мировен договор, што ќе има тежина на закон.

- Го поддржав дијалогот како единствена можност двете земји да ги решат отворените прашања и тоа успеа да придонесе за нормализирање на односите, што е услов за членство во ЕУ, изјави Јахјага.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...