Од блискоисточните земји во Косово пристигнале 50 милиони евра

Приштина, 20 август 2014 (МИА) - Во Косово изминатите години од блискоисточните земји пристигнале 50 милиони евра, изјави Бешким Зечири, експерт, кој го проучува финансирањето на тероризмот.

Тој истакна дека во Косово постои солидна законска основа за финансирање на тероризмот бидејќи главен проблем е недостигот на политичка волја.

- На основа на меѓународните извештаи за тероризмот, американскиот Стејт департмент објавен минатата година посочи дека косовската Влада и нејзините институции треба сериознои да пристапат кон проблемот на финансирање на тероризмот. Укажано е дека не се знае изворот на финансирање на неколку невладини организации, како и тоа дека Косово не се занимава со тоа, истакна Зечири.

Тој потенцира дека има основани сомневања дека во изминатите години од блискоисточните земји во Косово пристигнале 50 милиони евра.

- Тоа се средства чие потекло треба да се утврди, да се анализираат трансакциите, да се направи аналитички профил што бара исклучително сериозен пристап, рече Зечири.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...