Турција ќе ги продолжи преговорите за мирно надминување на курдскиот проблем

Анкара, 20 август 2014 (МИА) - Шефот на турското разузнавање МИТ, Хакан Фидан во затворот на островот Имрали се сретнал со лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан за да го увери во волјата на Владата на Турција за продолжување на преговорите за мирно надминување на курдскиот проблем, информираат турските медиуми.

Турскиот вицепремиер Бешир Аталај соопшти дека средбата се оддржала во петокот на островот Имрали, каде Оџалан од 1999 година издржува доживотна затворска казна.

Весникот „Џумхуриет“ пишува дека за време на средбата на Оџалан му била пренесена пораката од премиерот Реџеп Тајип Ердоган, кој на 10 август беше избран за нов турски претседател, дека за време на неговиот претседателски мандат тој ќе го продолжи мировниот процес со ПКК.

Ердоган ветува дека и на претседателската функција ќе ја заддржи контролата врз управувањето со земјата, засилувајќи ги надлежностите на претседателот во однос на оние на премиерот и Владата.

Аталај вчера изрази поддршка за отпочнување директни преговори меѓу турската Влада и военото раководството на ПКК, кое е стационирано во планината Кандил во северен Ирак.

Турските власти веќе неколку месеци се обидуваат да го обноват процесот за мирно решавање на курдскиот проблем, што во моментов е блокиран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...