Останувањето на Ердоган на премиерската функција е неуставно

Анкара, 21 август 2014 (МИА) - Двете најголеми опозициски партии во Турција сметаат дека останувањето на новоизбраниот шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган на премиерската функција е неуставно.

Ердоган е избран за претседател на Турција на 10 август, но ќе остане на премиерското место до 28 август, кога ќе положи заклетва како шеф на државата.

- Откако тој стана 12-тиот претседател на Турција, неговиот пратенички мандат автоматски се прекинува согласно Уставот, изјави вчера лидерот на Партијата за националистичко дејствување, Девлет Бахчели.

Според него, Ердогантребал да поднесе оставка како премиер уште на 15 август, кога Изборната комисија ги соопшти официјалните резултати од претседателските избори.

Портпаролот на Народнорепубликанската партија, Халук Коч, исто така, вчера нагласи дека остануваето на Ердоган на премиерската функција го прекршува Уставот.

Ердоган победи на претседателските избори во Турција, освојувајќи 51,79 проценти од гласовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...