Цела Турција била цел на шпионажа на Германија

Анкара, 21 август 2014 (МИА) - Турција е единствената членка на НАТО, која германската служба за внатрешно разузнавање (БНД) ја шпионирала, а програмата за разузнавање се применувала на целата земја, изјавија извори од германските разузнавачки служби за весникот „Хуриет“.

Во најновата верзија на документ на германската Влада Турција фигурира како една од главните цели на разузнавањето.

Според претставник на германското разузнавање Турција е единствената држава од НАТО на листата, а во документот се посочува дека цел на шпионажата не е само одреден регион, туку цела Турција поради нејзината исклучителна важност, особено во областите на надворешната политика, економијата, нафтоводите и антитерористичките операции. 

Германските медиуми минатата недела јавија дека се пронајдени документи, кои покажуваат како германската Влада и наредила на БНД да шпионира партнерска земја од НАТО, без да биде наведено името на земјата. 

На 16 август весникот „Шпигел“ откри дека членката на НАТО, која ја шпионирала Германија е Турција. 

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу телефонски разговарал со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер за да го изрази незадоволството на турската Влада во врска со овие тврдења.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...