Виктор Јанукович се наоѓа во Бугарија

тврди руски политичар

Москва, 26 август 2014 (МИА) - Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и неговото опкружување се наоѓаат во Бугарија, тврди Олег Митвол, лидер на руската вонпарламентарна партија „Алијанса на зелените - Народна партија“, соопшти радио „Руска служба за вести“.

Митвол за радиото раскажал дека во летувалиште во Бугарија ги сретнал блиските соработници на Јанукович - поранешниот претседател на украинскиот Врховен суд и поранешниот министер за трговија, пренесува бугарската агенција БТА.

Според него, тие побарале дозвола за престој „во една славјанска земја, каде престојуваат Русите“, и додаде дека „пред извесно време тие сакале да станат Бугари“.

- Не гледам основаност Јанукович да е во Москва. Тој најверојатно се наоѓа на југ, на многу попријатни места, изјави рускиот политичар.

Во февруари во Украина дојде до смена на власта, Врховната рада го отстрани претседателот Виктор Јанукович и го промени уставот. Јанукович ја напушти земјата без да соопшти каде се наоѓа, но во јужниот руски град Ростов на Дон одржа две прес конференции, посочува радиото на својот сајт.

Новите власти во Киев во март соопштија дека трагаат по соборениот претседател, обвинет за перење пари, посегнување врз територијалната целост на Украина и за убиството на луѓе, кои загинаа во февруари во протестите на плоштадот Мајдан во Киев.

Интерпол, меѓутоа, не најде основаност поранешниот украински лидер да биде баран по меѓународна потерница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...