Давутоглу ќе биде нов претседател на Партијата на правдата и развојот

Истанбул, 27 август 2014 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска треба да биде избран за претседател на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Околу 30.000 членови на партијата се очекува да присуствуваат на конгресот, пренесе агенцијата Анадолија.

Изборот на Давутоглу за претседател на АКП е природниот чекор кон премиерската функција, која исто така му е предложена на досегашниот прв дипломат на Турција.

Реџеп Таип Ердоган, кој со 52 отсто од гласовите на избирачите победи на претседателските избори, што се оддржаа на 10 август, го предложи Давутоглу за свој наследник на премиерската функција.

Ердоган отстапува по 11 години минати на жешкото премиерско столче, напоменува ДПА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...