Третина Хрвати сметаат дека влезот во ЕУ бил лош чекор

Загреб, 29 август 2014 (МИА) - Нешто помалку од третина од граѓаните на Хрватска, 28 отсто, сметаат дека влезот во Европската унија бил лош потег. Околу 13 проценти од граѓаните сметаат дека живеат полошо откако Хрватска влегла во Унијата, а дополнителни 15 отсто оценуваат дека со влезот на земјата во ЕУ не се добиени никакви поволности, покажа анкетата на Центарот за истражување на пазарот ГФК.

Вкупно 32 проценти од Хрватите веруваат дека земјата не успеала да ги искористи сите поволности кои и се пружиле со влезот во ЕУ, додека 38 проценти имаат позитивен став за членството во Унијата.

Најголем број граѓани позитивно поместување со влезот на Хрватска во ЕУ забележале во туризмот. Околу 33 отсто од Хрватите оценуваат дека туризмот напредувал поради членството.

Околу 30 отсто од Хрватите забележуваат позтивно придвижување во заштитата на животната средина, а 25 проценти гледаат напредување во банкарскиот систем. Само пет проценти гледаат позитивни тенденции во хрватската економија и во вработувањето од влезот на земјата во Унијата.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1000 испитаници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...